Собирајте ги хартиените држачи за тоалетна хартија и создадете прекрасно дело за на ѕид. Едноставно, а прекрасно и најважно; Ваше дело!

Потребно:

  • Хартиени држачи од тоалетна хартија ;
  • Ножици;
  • Лепак;
  • Спреј во боја.

01

Чекор 1. Исечете ги хартиените држачи за тоалетна хартија (како на сликата).

02

03

Чекор 2. Почнете со спојување на деловите, за да добиете цвет како на сликата или на некој друг начин по Ваша желба.

04

05

06

Чекор 3. Споениот дел ставете го на подлога и испрскајте го со спрејот. Внимавајте да го обоите целиот.

07

08

Чекор 4. Почекајте да се исуши бојата и спојте ги сите делови.

09

Готово, може да го закачите каде ќе посакате. :)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАнгелски крилја | Mydeco сепаратори за книги
Следна објаваДали спиете кога ветерот дува?
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР