Дојде пролетта, бои насекаде – па и на Вашите обувки. Денес Ви претставуваме идеја како да си направите пролетни, разиграни и ефектни патики, со дезен налик на познатите „Missoni“. Брзо, едноставно, а штосно, претворете ги старите и здодевни бели патики со шарени ремек-дела.

31

Потребно:

  • Бели платнени патики;
  • Линиер;
  • Хартија;
  • Молив;
  • Ножички;
  • Разнобојни перманентни маркери.

32

Чекор 1. Исцртајте фигури на хартијата (по Ваша желба).

33

34

35

Чекор 2. Исечете ја хартијата, создавајќи шаблон за цртање.

36

Чекор 3. Извадете ги врвките од патиките (за да не ги обоите и нив).

37

Чекор 4. Поставете го претходно направениот шаблон и обележете со молив.

38

39

Чекор 5. После обележувањето со молив, почнете со боење со перманентните маркери.

40

41

42

Готово, Вашите пролетни „Missoni“ патики се готови!

43

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧевли на ниска потпетица за пролет – лето 2015
Следна објава"Размени книга, подари љубов"
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ