008„Дали Ви е познато чувството кога ќе почнете да читате нова книга пред да се одвикнете од последната што сте ја прочитале? Дали сте можеле да ја напуштите предходната со сите нејзините идеи и ликови, кои навлегле во ткаенината на Вашата облека – па, дури и кога ќе отворите нова книга, тие се сеуште со Вас?“

Овој цитат од „Тринаесетта приказна“ го сумира искуството од истата. Не постои историска референца во овој роман – се претпоставува дека се работи за 70тите години на минатиот век, кога луѓето сеуште пишувале писма и кога бурите наговестувале целосно отцепување од цивилизацијата поради неможноста да се воспостави телефонска врска. Чувството кое потсетува на Џејн Ер е целосно неминовно, бидејќи романот сам по себе има вткаен тек на заговор. Посветена на библиофилите кои имаат слабост кон готик приказните, навика за темнината и бизарноста. Желба за транспортирање во едно друго време како благороден ескапизам за човечки триумф во услови на денешниот комерцијализам. Наместо тие услови, тие наоѓаат начин да се соочат со сопствената темнина, нивните демони и ниски страсти. Да позајмат уметнички израз, да го искористат мракот за да ја истакнат светлината и во самата светлина, да се најдат очи во очи со темнината. Тоа е исто така, мелодраматично до максимум, ама истовремено прави на забавен начин да ги активирате сите Ваши сетила.

„Понекогаш, кога ќе ја отворите вратата кон минатото, она со што се соочувате се нарекува Ваша судбина.“

Изолиран, аматерски автобиограф кој сака светот да ја чуе нераскажаната приказна: незавршена книга, приказна за духот и една мистериозна лузна. Кога овој роман бил првично спореден со делата на литературните великани од типот на сестрите Бронте, Џејн Остин и Чарлс Дикенс, читателите ја прифаќаат со извесна доза на скептицизам. Барем се’ додека не се навлечат на приказната како на опојна дрога. Иако се започнува со цинични очи, со очекување и неодорување на високите епитети, се открива еден убедлив карактер, заговорен пресврт и живописен премин кој можеби ја води Сетерфилд блиску до литературното мајсторство. Нејзините ликови се оригинални, наместо деривати на Остин или Дикенс – читателот тагува и се радува со нив, сочувствува со нивната судбина и ја дели нивната болка. Целата атмосфера на книгата е моќна и убедлива, шокантна и единствена новела со неодреден век на траење. Приказната започнува кога Маргарет Леа е повикана од Вида Винтерс, позната романсиерка која е подготвена да ја каже нејзината вистинска животна приказна, како реплика на сите верзии кои таа ги давала во текот на годините. Како што таа раскажува, Маргарет е вовлечена во мистеријата која ѝ ја наметнува г-ѓа Винтерс – потрагата по вистината и откривањето на тринаесеттата приказна, која била изоставена од раната збирка раскази со потпис на позната романсиерка.

„Приказна за готската непознатост во семејството Енџелфилд, вклучувајќи ја прекрасната Изабел, дивите близначки Аделин и Емелин, едно сениште, една гувернанта, семеен двор и уништувачки оган…“

– приказната која ќе Ве доведе до прашање за идентитетот, љубовта, значењето на семејството. Ќе завршите со чувство дека овие ликови навлегле подлабоко од Вашата облека. Интригантна, смела и чиста емоција – „Тринаесеттата приказна“ е способна да Ви создаде кошмари на крајот, но верувајте дека тоа ќе бидат најдобрите и најоригиналните кошмари што некогаш сте ги имале!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | На врвот
Следна објаваКако да ја носите кожната јакна оваа пролет
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ