011

Пролетта е симбол за нови почетоци, надежи и радости. Расцутените дрвја, зеленилото, цвеќињата, убавите мириси и палетата бои неодоливо го прикажуваат сиот раскош на природата. Пролетта е и периодот кој секогаш не потсетува зошто ги сакаме своите домови, но и идеално време за внесување новини, свежина и комфор во просторот за живеење. Доколку сте љубители на промените кои пролетта може да му ги понуди на вашиот животен простор, тогаш не постои подобро време за почеток со преуредување на ентериерот, давајќи му комплетно нов, весел, разигран и динамичен тон. За таа цел, внесете многу живи или пастелни светли бои, енергични текстури и разиграни принтови. Исполнете го станбениот простор со цветни аранжмани и дезени, а во секое катче поставете впечатливи декорации со пролетни мотиви, внесувајќи ја на голема врата сончевата сезона во својот дом. Во продолжение, ви претставуваме неколку идилични сцени и кокетни предлози од најновиот каталог на британскиот бренд Laura Ashley, изработен наменски за колекцијата пролет/лето. Многу симпатични изненадувања, фини идеи и нови инспирации за сезонско освежување на домот, спакувани се во живописната пролетна збирка со деликатен дизајн. Уживајте во глетката и одберете ја вашата омилена тема!

+ Погледнете и: Куќа во која царува пролетта.

001

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

021

022

023

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Нотр Дам
Следна објаваНоќите во Родант – Николас Спаркс
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ