Интересна рамка која ќе ја разубави вашата тераса или двор. Може да ја украсите со убави цветови или да ја користите како свеќник.
Потребни Ви се:
-даска
-метални стеги
-мали теглички
-чекан
-шрафцигер
-2 куки
-коноп
Најпрвин исчистете ја убаво даската и почнете да ги закачувате металните стеги.
Поставете ги куките на горниот дел од даската. Врзете го конопот на нив. Наместете ги тегличките.
Закачете на саканото место. Додадете цветови или мали свеќи.