„Не сакав да бидам писател, но станав еден од нив. И сега, свесен сум дека имам многу читатели, во многу земји. Според мене, тоа е вистинско чудо. Јас мислам дека треба да сум скромен во врска со оваа способност – горд сум на тој факт и уживам во искажаната почит; но, навистина е чудно што го зборувам ова на овој начин, затоа што длабоко во себе, скромно го почитувам тоа што ме почитуваат…“

Харуки Маруками, најпознатиот јапонски писател и преведувач чии дела од фиктивен и нефиктивен карактер заработуваат низа позитивни критики и бројни награди е главен протагонист во документарниот филм со наслов „Во потрага по таинствениот писател“. Како еден од најинфлуентните, важни фигури во постмодерната литература, во знак на почит, Guardian го сместува во линијата на „најголемите романсиери кои сеуште се живи“ во поглед на неговите дела и достигнувања. Роден во Јапонија за време на повоениот период, по Втора светска војна, како дете-гениј од мали нозе се интересира за литературата како поим. Познат како интроверт и библиофил, својот стил го создава под силно влијание на западната култура, музиката и книжевноста; а созрева под влијание на тие вредности и поради истите, тој доста се разликува од своите современици. Студира драма во Токио, повремено работи во музичка продавница, а кон крајот на своите студии, тој отвора џез кафуле во Токио, заедно со неговата сопруга. Овие околности во животот подоцна оставаат свој импакт во сумата на неговото творештво.

Многу од неговите романи носат наслови на класичната музика, народните танци и светски познатите автори – неговиот последен роман, 1Q84 е посветен на безвременскиот Џорџ Орвел. Овој документарен филм говори многу за неговиот стил, неговото видување на животот, неговото влијание врз публиката на еден неконвенционален начин кој е типичен токму за него. Како параметар на модерна меланхолија, извесна доза на драматичност и длабочина, „Во потрага по таинствениот писател“ е филм во кој ќе уживаат сите вљубеници во неговите романи.

СПОДЕЛИ
Претходна објава„ДА“ во Њујорк | Guillaume Gaudet
Следна објаваСпонзорирани суперхерои
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР