Еден од најпопуларните автори на денешницата кој умешно се одржува на светските ранг листи по продажба, популарност и читаност, откако го одговори прашањето зошто писателите се плашат од социјалните мрежи и ни даде поглед во неговиот блог по повод значењето на животот, денес на репертоар го имаме неговото видување на најважните принципи во човековиот живот, сместени во негова декларација.

1

1. Сите човечки суштества се различни. И треба да се стори се’ во наша моќ за тоа да остане така.
2. Секој човек има две задачи на реакција: на дело и на мисла. Двете треба да водат кон иста цел.
3. Секој човек има добиено два квалитети – моќ и дарба. Моќта не води кон средба со сопствената судбина, додека дарбата го обврзува да го сподели доброто во себе со другите. Како човечко суштество, човекот треба да знае кога да ја користи моќта, а кога дарбата.
4. Секој човек има доблест. Можноста да избира. Оние кои не ја користат таа доблест, за нив истата станува проклетство.
5. Секој еден од луѓето има право на два благослови… благослов да биде во право и благослов да направи грешка. Во вториот случај, секогаш постои можност да излезете на вистинскиот пат.
6. Секој човек има свој сексуален профил кој треба да го оствари без грижа на совест, под услов истиот да не ги обврзува другите да му се придружат.
7. Сите луѓе имаат своја лична легенда која мора да ја исполнат. Таа е причината за нивното постоење на светот, таа е видлива во нивниот ентузијазам и нивниот став. Личната легенда може да се напушти за кратко време, но секогаш ѝ се враќаме за најкратко можно време.
8. Секој маж има женска страна и секоја жена има машка страна. Неопходно е да се користи дисциплината со интуиција, и интуицијата да се користи објективно.
9. Секое човечко суштество мора да знае два јазика – јазикот на општеството и јазикот на знаците. Првиот служи за комуникација со другите, а вториот за да се протолкуваат пораките од Бога.
10. Секој човек има право да бара радост, радост да биде разбран како едно единствено уникатно суштество, различно од било кое друго.

11. Секој човек мора да го одржи светиот пламен на лудилото во себе, но секогаш – секогаш да се однесува како нормален човек.
12. Единствените маани на живеењето се непочитување на правата на ближниот, допуштање на себе да се биде парализиран од страв, чувство на вина, став дека не заслужуваат подобро, кукавичка навика.
*став 1 – сакајте ги Вашите непријатели, но не правете сојузи со нив. Тие се сместени во начинот на тестирање на нашата волја и ја заслужуваат почитта на нашата борба.
*став 2 – сами си ги бираме сопствените противници, а не обратно.
13. Го изразуваме крајот на ѕидот со кој го делиме светото од забранетото. Од денес, нашиот живот е свет.
14. Се’ она што е направено во моментов, влијае врз иднината со последици. И влијае врз минатото со откуп.
15. Невозможното е, всушност, возможно.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХартија – медиум за уметничко изразување | Zoe Bradley
Следна објаваJennifer Lawrence за Miss Dior
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР