10 книжарници од филмовите

Првата асоцијација на филмовите е најчесто времето за одмор, релаксација и удобно сместување пред екранот. Поретко, истото означува психичка активност на концентрирање на настаните, тензија во наративниот тек или аналитички поглед кон самиот филм. Но, под претпоставка дека седмата уметност е предодредена за забава, ќе си признаеме дека ние библиофилите, умешно ги забележуваме сите книжевни секвенци во конкретен филм. Денес, на нашиот репертоар имаме 10 филмови со 10 книжарници кои ни оставија најголем впечаток. Доколку сме испуштиле нешто, слободно додадете коментар.

You’ve Got Mail (1998)

1

Се сеќавате кога синџирите книжарници се сметаа за компании-гиганти? Тие стари добри времиња и старите добри љубовни приказни… типични за љубов во книжарница. Истиот филм се смета за своевиден предвесник на екранизациите на Николас Спаркс.

The Ninth Gate (1999)

2

Единственото нешто поинтересно од филм во книжарница е книжарница на филм во својство на портал кон пеколот. Доволно интригантно и мистериозно! Зарем заборавивме да го споменеме Џони Деп во кадарот?

Hugo (2011)

3

Книгарницата во филмот Хуго е златен стандард во историјата на книжарниците кои се појавуваат на филм. Се’ е така магично наредено и обвиткано во кожа. Вистинско задоволство за сите вљубеници во книгите.

Harry Potter and The Chamber of Secrets (2002)

4

Дали и Вие би сакале книжарница каде што има цела секција приказни за змејови? Дали се’ уште го чекате Вашето писмо од Hogwarts? Времињата се менуваат, луѓето никогаш!

When Harry Met Sally (1989)

5

Овој филм дури и да се гледа 10 пати, нема да се запомнат сите книжарници кои се појавуваат во истиот. Иако сите Њујорчани ги знаат наизуст, сите се сложни во ставот дека изгубиле доста од својот сјај дури и пред филмот да биде снимен.

Before Sunset (2004)

6

Филмски израз на најпознатата книжарница во Париз, Shakespeare and Company. Тоа е сосема необично место од приказните кое чука во ритамот на срцата на читателите, позајмено од една друга ера со неповредлива егзистенција во срцето на Франција.

Desperado (1995)

7

И покрај големото крвопролевање, харизмата на Бандерас и појавување на Енрике Иглезијас во овој филм, љубовната поврзаност на Салма Хајек со Антонио Бандерас е клучна токму во нејзината книжарница… која нажалост, доживува трагичен крај.

Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004)

8

Во филмската меморија, овој филм е забележан како еден од најкомичните и најкул моменти во книжарница, некогаш снимена. Се подразбира со самиот факт што го содржи Џим Кери во истата сцена.

Funny Face (1957)

9

Фотограф во потрага по убави лица, кој случајно налетува на Одри Хепберн која работи во книжарница. Ум и убавина, совршен спој! Еден од анонимните ремек-дела во филмското досие на оваа безвременска дама.

Beauty and The Beast (1991)

10

Покрај сцената со најубавата библиотека на сите времиња, Убавицата и Ѕверот има прекрасна сцена и во библиотека – раскажувањата на Бел за нејзините искуства со книгите се секогаш пријатно доживување. Не згрешивме во титулата која ѝ ја доделивме: вистинска икона на читањето.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден тренд | Еспадрили
Следна објаваЛето во Калифорнија
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ