Колебливи гранки во својство на полици за книги – иако делува дека се наоѓаат на неприкладно место, креаторот на оваа замисла David Haрper вели дека проектот е совршено поставен како визуелен потсетник за подигање на свесноста кај луѓето – да се грижат за нашата животна средина. Entitled Stacks е местото каде што беше прикажано ова специфично парче уметност, во Cazenovia College’s Art and Design, Њујорк, каде опремените стари полици се превземени директно од паднатите дрвја во шумите од Северна Америка.

1

Еколошката свест е целта на овој проект, отворено поставена за да го означи односот помеѓу човечки создадените предмети и нивните директни врски со природата. Читаме од книги, седиме на дрвени полици, пишуваме на дрвени бироа – се’ тоа благодарение на природниот ресурс наречен дрво. Harper се изјаснува дека:

„Порастот на светот не се грижи за човечката меѓузависност со животната средина, која ја зголемува загриженоста за здравјето и иднината на целата човекова раса.“

2

3

4

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваEmilio Pucci | модни додатоци пролет/лето 2013
Следна објаваМашки тренд | Одело во боја
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР