Њујорк е град во кој може да се најде се; полн со различни култури, луѓе и барови за слободна уметност. Постојат милиони места за забава во Њујорк, но и неколку места каде можете на неформален начин да уживате во уметноста. Од „дупка“ места до фенси барови, можете да изберете дали ќе уживате во уличната уметност или во уметноста од мајсторите од XVI век, секако со Вашиот пијалок во рака. Ни Ви нудиме листа на најдобрите 10 места во Њујорк како уметноста владее со амбиентот.

Mulberry Project
Можете да уживате во вкусни коктели во амбиент на двор. Ѕидови исполнети од најдобрите улични уметници. Ќе уживајќи во секоја голтка од Вашиот пијалок додека ги гледате мурали од Ron English, Matt Siren, Kid Zoom, BAST и други.

1
The Standard
The Standard е хотел кој припаѓа на јавната уметничка карта благодарение на склуптурите од KAWS и Erwin Wurm, Нуди и одлична видео инсталација од Marco Brambilla, која е инсталирана во лифтовите и слоевитоста овозможува претстава на задгробниот живот, од пеколот, преку чистилиштето се искачува на небото, што всушност е познатиот клуб во хотелот.

2

Lit Lounge
Да –  тоа мириса, се чувствува како и навистина е сместено во подрум. Тоа не е бар каде ќе посакате да го носите Вашиот бел мантил. Но сепак, местото си има своја автентичност и доза на уметност.

3
Hospoda
Ова е автентичен чешки ресторан, кој исто така го има и во Прага. Специјалитет на куќата е пивото во кое можете да уживате гледајќи ги ограмните фрески, дело на најголемиот уличен уметник во Чешка, MASKER.

4

Max Fish
Постои од 1989 година и постојано е зголемувана нејзината уметничка колекција, која вклучува некои извонредни дело од John Ahearn од 1979 година.

5

Gramercy Park Hotel
Голтка мартини ќе Ве чини 19$, но ќе уживате во делата на Basquiat, Richard Prince, Julian Schnabel и Damien Hirst.

6

Leftfield on Ludlow
Импровизирана галерија на дела од современите уметници. Место во кое сигурно ќе уживате.

7

WIP
Изобилува со уметност и невобичаена клубска сцена. Ова место често е домаќин на уметнички настани и ротирачка колекција. Debbie Harry е чест гостин, што всушност е уште една причина да се посети.

8

Art Bar
Art Bar е стар стандарт. Полн со слики и мурали од непознати уметници и амбиент кој потсетува на дом.

9

Caffe Reggio
Постои од 1929 година, што сведочи за посебноста на местото. Освен што станува збор за најстариот кафе бар во Њујорк, тоа е единственото место каде што можете да пробате чаша Мерло седејќи на 500 години старата клупа на Medici, сместена под слика од XVI век.

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКибритчето и свеќата
Следна објаваКреативна улична уметност | David Zinn
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР