Секое лошо за добро е: уништувањето на централниот плоштад во Брисел во војната со Луј XIV во 1695 година, било причина градоначалниците на Белгија да одлучат да изградат нов плоштад, каде што сите градби ќе имаат иста висина и барокна фасада. Така, по четири години интензивна работа, бил создаден Големиот плоштад, кој Виктор Иго го опишал како  „најубавиот плоштад во светот.“

Денес на Големиот плоштад се наоѓаат градското собрание, една црква и еснафски куќи за различни професии, со прекрасна фасада и декорација. Grand place – Големиот плоштад е во центарот на градот, во било која насока да тргнете од плоштадот наидувате на улички со ресторанчиња и продавници со сувенири. Во близина е и најпознатиот паб Делириум, во кој можат да се пронајдат над 2000 видови на пиво и во кој ретко се наоѓа слободна маса покрај многуте вљубеници во пивото. Доколку патот Ве води кон срцето на Белгија, не заобиколувајте го најубавиот плоштад на светот!

1

2

3

4

5

6

7

Совет плус: покрај неминовното задоволство да чекорите по неверојатната комбинација на историска калдрма на модерната европска метропола, не заборавајте да се почестите себеси со слаткото задоволство наречено белгиска вафла – независно кој вкус ќе го одберете, така ќе го финализирате Вашето белгиско искуство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMirrors – Џастин Тимберлејк
Следна објаваЗа интровертите и книгите
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР