Со неодамнешната премиера на Дневниците на Кери – која била Кери Бредшо пред Сексот и пред Градот, односно пред г-дин Ѕверка; таа повторно го добива сето внимание како најмаркантна трендсетерка дури во срцето на 80тите години на минатиот век. Еден од повпечатливите модни моменти во серијата е нејзината чанта која преживува несреќа, но, Кери успева со Направи сам потег да ја направи совршено уникатна! Имате стара чанта која Ви се допаѓа, но, е помалку уништена? Правец кон креативно изразување…

THE CARRIE DIARIES

Што Ви е потребно:
– лак за нокти
– стара чанта
– интересно ланче

1

Инструкциите се многу лесни: како прво, изберете бои на лаковите кои највеќе Ви се допаѓаат. Второ, подгответе го теренот за да не го уништите мебелот или облеката. Трет чекор е да ја насликате Вашата чанта! Истурајте лакови со брзина и украсете ја чантата на Ваш начин. И последно, откако дизајнот е готов, оставете да се исуши Вашиот нов моден додаток. Бидете своја Кери во својот Менхетен!

2

3

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПогледни…
Следна објава2 во 1 | Mаса и даска за сушење алишта
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР