Боб Марли, многу повеќе од пејач – поет, музички револуционер и вечен оптимист, човекот кој иако е покоен секогаш ќе живее преку ледендарните стихови и звуците на реге музиката. Денес, на неговиот роденден, ги издвоивме најубавите искажани мисли за љубовта, слободата, вербата, животот воопшто, пролеани низ стиховите на неговите песни.

1

Добрата работа за музиката е: кога ќе те удри, не чувствуваш болка.

Кој си ти да ми судиш? Знам дека не сум совршен и не живеам за да сум, но пред да впериш прст, осигурај се дека твоите раце се чисти.

Најголемата кукавица е човекот кој ја буди љубовта на жената, без намера да ја сака.

Љубовта никогаш нема да не остави сами.

Ако таа е извонредна нема да биде лесна. Ако е лесна, нема да биде извонредна. Ако таа вреди, нема да се откажеш. Ако се откажеш, ти не вредиш… реалноста е дека секој ќе те повреди, само треба да ги најдеш оние за кои вреди да страдаш.

Стани и бори се за своите права, не откажувај се од борбата.

Ослободи се од ментално ропство. Никој освен себе не може да го ослободи нашиот ум.

Подобро да умреш борејќи се за слобода, отколку да си затвореник секој ден од животот.

Сакај го животот што го живееш, живеј го животот што го сакаш.

Избави се од омраза, зло и љубомора. Не ги затрупувај твоите мисли, направи ја твојата визија реалност. Разбуди се и живеј!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMade in China | Kинески копии на европски градови
Следна објаваНаправи сам | Хартиени рози
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР