Ова видео наречено “Еден ден во Индија” ја прикажува 3 неделната турнеа на Daniel Klein и Mirra Fine низ волшебната Индија.

Република Индија е држава лоцирана во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски рути. Со крајбрежје од преку 7,000 километри,Индија дели граници со Пакистан, Народна Република Кина, Мјанмар, Бангладеш, Непал, Бутан, и Авганистан. Шри Ланка, Малдивите и Индонезија се одделни островски нации. Индија е втора земја по број на жители во светот со 1,147,995,904 жители и седма по географска големина со 3,287,590 км². Главен град е Њу Делхи.

Индиските религии се едни од најпознатите дефинирачки аспекти на индиската култура. Поголемиот број на Дарма религии кои биле основани во Индија ги вклучуваат и хиндуизмот, будизмот и џаинизмот. Како наследник на античката ведска религија, хиндуизмот е обликуван од различни мислителни училишта врз основа на Упанишаде, Јога сутра и движењето Бхакти. Будизмот потекнува од Индија, во 5 век п.н.е. по што се забележува развој на будистички училишта, како што Тхеравада и Махајана, кои доминираат во текот на Мауријската империја. Иако практувањето на будизмот започнал постепено да се намалува во Индија од 5 век од нашата ера, па наваму, игра значајна улога во обликувањето на индиската филозофија и мисла.

Индиската кујна се карактеризира со широк спектар на регионалните стилови и софистицирана употреба на тревки и зачини. Основен продукт за храна во регионот е ориз (особено во источниот и јужниот) и жита (претежно во северниот дел). Зачините, како црн пипер кои сега се конзумираат ширум светот, оригинално потекнуваат од индискиот потконтинент. Пиперката чили, која била воведена од страна на португалците, исто така, има широка употреба во индиската кујна.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР