Три големи сили управуваат со човечкиот живот: Инспирацијата, Имагинацијата и Навиката.

Инспирацијата била чудно убава жена, каде и да одела ја носела убавината, хармонијата и радоста. Таа им дава на луѓето нови прекрасни, хармонични идеи за тоа како да ги направат нивните животи многу позначајни, поубави и посреќни.

Имагинацијата пак бил млад и енергичен човек, како тинејџер. Тој бил силно вљубен во Инспирацијата и секогаш ја следел. Тој им помагал на луѓето допрени од Инспирација да ги реализираат своите идеи, да ги направат реални, применливи, извршни, достапни. Но Инспирација секогаш одела пред него и тој тешко успевал да ја стигне.

Навиката пак, бил постар и мрзлив маж, претпочитал да работи сам и се сметал за поголем и повеќе зрел од Инспирацијата и Имагинацијата. Сметал дека тие се премногу млади и дека не можат да постигнат ништо реално. Навиката бил навистина силен и моќен, тој правел луѓето да чувствуваат лажна сигурност во своите постапки, правел да се потпираат на него и да не ризикуваат. И многу повеќе луѓе се потпираат и се надеваат на него отколку на Инспирацијата и Имагинацијата. Тој исто така тајно бил вљубен во Инспирацијата и еднаш ја поканил кај себе за да и ја покаже својата моќ. Инспирацијата отишла, бидејќи се восхитувала на силата и можностите кои тој имал. Навиката ја открил пред неа целата брутална сила за да ја импресионира. Ги покажал сите свои темни и мрачни страни, како луѓето се потпираат на него, колку се зависни од него, дека за нив е без значење дали постапуваат правилно или не кога се потпира на него. Тие веќе дури не размислувале за ова, само така биле навикнати. Навиката го открил целиот темен карактер, ја открил тајната на силата своја, а таа била во можност да ги оковава луѓето во своите синџири.

Инспирацијата се уплашила од мракот, скриена во Навиката и побарала да избега од него, да се ослободи, но веќе било доцна, веќе и таа била во окови, во темната ќелија на Навиката. Таму затворена во мракот Инспирацијата почнала да слабее, неможела да живее без сончева светлина, почнала полека да умира. Набргу, Имагинацијата дознал што се случило. Забележал дека веќе немало луѓе допрени од Инспирацијата, веќе немало чии идеи да извршува, видел дека веќе сите луѓе се потпираат на Навиката. Воден од љубовта кон Инспирацијата, тој почнал да ја бара и бил заробен во мрачниот набој на Навиката.

Двете сили се соочиле една против друга, Имагинацијата против Навиката. И двајцата биле водени од љубов, но љубовта на Имагинацијата била чиста, која што подарува целосна слобода, која што подарува крилја, а љубовта на навика била црна, со потиснување, со љубомора, ограничување. Сепак и покрај огромната сила на Навиката, Имагинацијата победил во битката, потпирајќи се на сопствената креативност и со малку помош од Инспирацијата. Тој ја ослободил од темниот затвор на Навиката и Инспирацијата се вљубила во Имагинацијата. Обединета нивната сила немала граници и не познавала пречки, заедно тие ги ослободиле луѓето од ропството на Навиката. Потоа продолжиле по своите патишта, бидејќи нивната љубов не била обврзувачка и со ограничување како на Навиката. Интеракцијата на овие три сили во човечкиот живот е вечна и многу пати Инспирацијата е окована од Навиката и ослободувана од Имагинацијата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВака работи Вашиот мозок | Brain Tricks
Следна објаваСупер креативна реклама за новата Kia Sorento
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР