Интернационалните музички ѕвезди неретко се мултимилијардери кои своите финансии често ги инвестираат во недвижнини. Имено, тие купуваат ексклузивни имоти на пожелни дестинации по одредена милионска сума, живеат во нив неколку години и подоцна истите имоти се продаваа по повисока цена од куповната, поради единствена причина дека во него живеела некоја позната личност. Ова изгледа како одлична инвестиција со сигурна добивка и несомнено е зошто славните личности ја практикуваат. Ова беше случајот и со имотот на хип хоп изведувачот и фронтмен на групата N.E.R.D. Фарел Вилијамс.

1

Овој прекрасен пентхаус во Мајами, Флорида го купил во март 2007-та година по цена од 12.525 милиони долари, а истиот сега се проценува на 16.8 милиони долари. Ова иако е неверојатно висока цена за повеќето луѓе, сосема е реална во светот на недвижностите. Станот е со големина од 836 квадратни метри и поседува неверојатен поглед кон океанот, заливот и градот воопшто – оправдување за стаклените ѕидови и причина што изведувачот вели за домот дека е: “обратен аквариум, што ми дозволува да гледам се’ што се случува надвор, без јас да бидам набљудуван“.

4

Сончевиот имот има пет спални соби, шест и пол бањи, домашна кино-сала и главна, дневна соба на три спрата – секоја од нив со прекрасен мебел и висококвалитетен под. Податоците велат дека од купување на станот, Вилијамс го има декорирано со ексклузивен декор во поп-арт стил, дизајнерски мебел и уметнички парчиња од Takashi Murakami, Keith Haring, вклучувајќи и ѕидни мурали и слики од анимирани ликови како оние од ТВ серијата Family Guy и други кои говорат за детето во изведувачот.

Станот вклучува и огромна тераса со базен и градина, балкон за летно уживање и тераса на покривот, кои како што велат архитектите, “искомбинирани креираат тропско чувство на врвот на светот!”

2

3  5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативно откачени фотографии | Ryan Schude
Следна објаваПолица на магнет | Magnetic Spirit
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР