Дали се соочувате со премногу драги предмети во Вашиот дом, а немате доволно простор за складирање? Дали дел од нив се и Вашите книги? Наместо да се лишувате себеси од желбата да ја надополнувате Вашата библиотека, ние имаме предлог за Вас како уникатно и удобно да ги сместите во домот…

1

Што Ви е потребно:
-4 дрвени штици со должина од 6м
-лепак за дрво
-хартија за стругање
-метро
-мерач на агли
-акрилна боја по Ваш избор
-спреј за акрилната боја

3

4

Чекор 1: поставете агол од 30 степени на мерачот.

Чекор 2: поставете ја посакуваната должина на краците врз метрото.

Чекор 3: исечете ја штицата највнимателно што можете.

Чекор 4: ново-формираните три краци пред да ги залепите мора убаво да ги измазните со хартијата за стругање.

Чекор 5: залепете ги краците внимателно, во форма на рамностран триаголник

Чекор 6: измазнете ја секоја нерамнина предизвикана од вишокот лепак.

Чекор 7: нанесете ја бојата врз формираните триаголници. Совет + е дека новите полици кои може да ги комбинирате различно во простор, најубаво ќе изгледаат поставени врз некој ѕид. Можеби, над Вашето биро?

2

5

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБиблио-говорници | John Lock
Следна објаваСовети за подобри фотографии на Вашиот миленик
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР