Најновиот краток анимиран филм од Дизни – Paperman, сместен во 40тите години на минатиот век, ја раскажува приказната за еден осамен млад човек кој сретнува една прекрасна жена на железничката станица. Убеден дека жената од неговите соништа заминала засекогаш, ја препознава добиената втора шанса кога ја здогледува во зградата од другата страна на улицата. Вооружан само со неговото срце, фантазија и купче хартија се впушта во мисијата да го освои нејзиното внимание, притоа несвесен за планот кој судбината го има за него.

Преку овој краток филм, Дизни студиото ја однесе анимацијата во сосема нова насока, претставувајќи ја новата револуционерна техника која спојува компјутерска со традиционална анимација. Режиран од John Kahrs, Paperman доби бројни позитивни критики, како и номинација за Оскар за најдобар краток филм. Немиот минималистички црно-бел филм иако без зборови, со топлата тема и моќната музика насликува една прекрасна кратка приказна.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФигури што лебдат | Bence Bakonyi
Следна објава25 Колоритни дневни соби
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР