Сте слушнале ли досега за кучето што го пропатува речиси цел свет? Доколку не знаете за Оскар, дозволете ни да Ви го претставиме како авантуристичко куче на чиj број на печати во пасош секој човек несомнено би позавидел.

Од денот во 2009 година, кога Joanne Lefson го присвои од стационарот во Јужна Африка, животот на ова куче целосно се промени – Оскар оттогаш патува насекаде низ светот со својата сопственичка, со хуманитарна цел: подигнување на свесноста за глобалниот проблем на 475 милион бездомни кучиња во светот и поттикнување на идејата за посвојување.

2

Во својот живот Оскар има пропатувано на скоро сите позначајни дестинации, а за тоа сведочат фотографиите на кои овој крзнен авантурист позира пред главните знаменитости – Ајфелова Кула во Париз, Статуата на Слободата во Њујорк, пирамидите во Египет, Кинескиот ѕид, Мачу Пикчу во Перу и многу други.

За жал, авантурите на Оскар завршија на 11ти Јануари 2013, кога беше удрен од кола и загина во Калифорнија. Иако веста за неговата смрт е тажна, може слободно да се каже дека Оскар живеел исполнет живот и несомнено оставил свој печат насекаде нив светот.

2

3

45

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНегативни луѓе
Следна објаваТорби за книги | Out of Print
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР