Француско мени со англиска литература на репертоар: кафе-книжарниците станаа особено модерен концепт во поблиското минато, имено поради својата двојна намена која води кон двојна потрошувачка. Некои од овие специјализирани книжарници, како комплементарен простор инволвираат млечни ресторани, кафетерии, пекари и слично; но, верувајте дека досега не сте се запознале со ваков книжарница-ресторан во Вашиот живот.

Станува збор за белгискиот Cook & Book книжевен ресторан во срцето на Брисел, погодно лоциран за пешаците напоредно со главната линија на метрото во насока на Stokkel, токму на стоп-местото наречено Roodebeek. Но, никако не дозволувајте да бидете измамени: Cook & Book не е книжарница за Готвачи, книги за готвење или прирачници за исхрана (иако во себе содржи иновативен концепт на продажба на овој жанр) – сепак, мислењата се поделени. Некои сметаат дека идејата е генијална, дека патот до сечиј избор е преку стомакот и изборот на храна, особено додека се купуваат книги; додека други сметаат дека книжарницата по некое правило, книжарницата не би требало да мириса на пица или кроасани. Она што е сигурно е дека целосниот проект е навистина храбра одлука на сопствениците. Во продолжение, следува визуелен приказ на катчињата во книжарницата, кои независно дали ќе Ви се допаднат поради изборот на книги или дегустацијата на храна, несомнено нема да Ве остават рамнодушни.

Архитектура и градежништво

Cook&Book

Cook&Book

За најмладата публика

Cook&BookC

Cook&Book

Cook&Book

Патувања и енциклопедии

Cook&Book

Cook&Book

Cook&Book

Уметност

Cook&Book

Cook&Book

Cook&Book

Музика

C

Cook&Book

Белетристика

C

C

Cook&Book

C

Кулинарска литература

C

Cook&Book

C

Англиска литература

Cook&Book

C

C

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуѓето од Њујорк | Brandon Stanton
Следна објаваПатенти за книги | Peleg дизајн студио
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР