Ella Jenkins од САД веќе четири месеци живее во подвижна куќа со големина од 12 квадратни метри. Поттикната од желбата да живее сама, младата музичарка решила со помош на нејзиниот очув да ја изгради оваа мала куќа. Во куќичката има се’ што e потребно за нормален живот на една индивидуа: кујна, кревет, тоалет и целокупно гледано, удобен ентериер кој наликува на оние во дрвените колиби.

1

Ваквите минијатурни домови се економични, еколошки и минималистички и последниве неколку години се тренд во пораст.  Живеење во мала куќа значи и откажувањето од многуте нешта што ги поседуваме, но овој потег помага да сфатиме дека голем дел од тие нешта, реално, не ни се потребни. Но споредено со позитивната можност да ја менувате локацијата на живеење кога ќе посакате, претходно споменатата жртва е ништо спектакуларно. Ваквата куќа наложува начин на живот кој е навидум номадски и за многумина неприфатлив, но за луѓе со слободен дух мала куќа значи голема слобода!

2

3

4

5

6

7

8

9

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПознати личности на корици од книги
Следна објаваПариска модна недела на висока мода | Шанел
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР