Оние кои чуваат миленичиња, ги сметаат како дел од семејството, и сакаат истите да се чувствуваат комплетно пријатно и удобно во домот. Овој проект е наменет токму за Вашите омилени животини и во истиот ќе Ви покажеме како да направите уникатно и удобно креветче за миленикот, на многу едноставен начин, рециклирајќи еден стар куфер.

1

Потребни материјали:

  • vintage куфер
  • перница
  • готова навлака за перница (доколку не Ви се допаѓаат оние кои веќе го имате, сошијте ја сами од материјалот по желба)

2

Одберете перница со големина колку и внатрешноста на куферот, ставете ја во готовата (или пак сошиената) навлака и поставете ја во куферот. Бидете креативни и украсете го креветчето со играчки или пак напишете го името на Вашето милениче на куферот. Овој нов кревет кој покрај тоа што е уникатен и изгледа навистина добро, лесен е за транспортирање – може да го носите со себе на патување или едноставно да го преместувате насекаде низ домот, така што каде и да сте Вашето милениче мирно ќе спие во своето креветче.

4

5

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Прегратка
Следна објаваМлади креативци | Горан Папаз
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР