Се вели дека бајките се четива за деца и дека возрасните одамна го поминале тој незрел стадиум, со или без научените лекции од самите бајки. Но, исто се вели дека гумените бомбони се за деца, па возрасните сепак продолжуваат да ги јадат. Паралелата е таа… колку и да се прифатени одговорностите и улогите во реалниот живот, на секој еден од нас му е потребно бегство од истата таа реалност на неколку часови. Некои тоа го практикуваат преку гледање анимирани филмови со децата, а некои им читаат приказни за добра ноќ. Според Википедија (ако воопшто може да ја земеме како формален извор), бајките се „стории со фолклорен карактер, суштества од фантазијата и елементи на магија“. Токму тука лежи потребниот одмор од животот… зарем заборавивте на „и си живееја среќно до крајот на животот“?

1

1.Нудат несебично бегство од реалноста.

Како што веќе спомнавме, на секоја нормална, ментално здрава личност ѝ е потребен одмор. Најдобар начин да заборавите на лошиот ден, караницата со колегата или ненамерно заборавената годишница… да продолжиме со Вашата немажена пријателка која непрестано се жали дека Вистинскиот не постои? Или тоа што родителите на Вашиот сопруг не Ве прифаќаат како избраничка на нивниот син? Или можеби не можете да го прифатите фактот дека има попаметни деца од Вашето? Ваквите грижи нема да ги затекнете во бајките.

2. Ви даваат доволно материјал за мечти.

Половина од обичниот ден се концентрираме да ги завршиме работните обврски на време, успешно да ја завршиме презентацијата или да напишеме се’ на испитот. Сонувате да станете нешто повеќе во животот, но постојат извесни опструкции. Како круцијална категорија тука се поставува храброста – наместо да посегнете по how-to жанровите и насловите за само-помош, Ве советуваме за почеток да седнете да ја прочитате легендата за Мулан. Еден од многуте примери како силен карактер може да ја спаси целата нација. Сосема реален поттик да почнете да размислувате на поинаков начин.

3. Нивната непопуларност во општеството е доволен предизвик за Вас.

Самото тоа што не се објект на широка потрошувачка, ги прави уште поинтересни. Ова е себичен совет, но верувајте дека повеќе ќе уживате во сопственото искусување на грозоморните извори на браќата Грим, отколку тоа да го правите затоа што во моментот е популарно. А популарно станува кога ќе се преточи во филм. Навистина сакате да бидете еден од многуте што го погледнале филмот? Или ќе бидете едни од ретките што истото го запознале преку страниците кои живот значат?

4. Ви отвораат широка палета на различности.

Тука нема да Ви ја препорачаме Снежана и седумте џуџиња, ниту прозните дела на Ханс Кристијан Андерсен. Бидете похрабри, предизвикајте се себеси да го прочитате Толкин! Иако можеби сте ја гледале триологијата за Господарот на прстените, сетете се дека „книгата е секогаш подобра од филмот“… Следно, ќе бидете подготвени да продолжите со сериозноста на Џорџ Р. Р. Мартин и неговата Игра на троновите. Веќе звучи повеќе од интересно, нели?

5. И покрај се’, нивната суштина е крајно неверојатна.

Толку различни идеи и мал милион светови кои чекаат да бидат откриени. Најубавите приказни некогаш напишани. Дружете се со Хари Потер или истражете ги Хрониките на Нарнија. Дознајте кој е Ерагон. Ќе се уверите дека нивното етикетирање како детска литература е навистина погрешно, речиси суптилно предодредено за да Ве спречи да тргнете во поход по нови авантури! Затоа не чекајте, уште денес вратете им се на Вашите бајки.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПариска модна недела на висока мода | Шанел
Следна објаваПремиера: Monsters University (Универзитет за чудовишта)
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

3 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР