Времето кое поминало – само за него треба да жалиш, бидејќи тоа е единственото што не можеш да го вратиш повторно. Се друго во животот може да се врати: пари, пријатели, љубов и се друго можеш повторно да го добиеш и да го имаш, но времето мерено во моменти со твојот здив, штом помине станува како илузорен приказ, нешто што знаеш дека го имало, се сеќаваш на моментите во него, но не можеш никогаш повторно да протегнеш рака и да се нурнеш во него.

Времето – ќе чекаш да стане вредно дури тогаш кога си на прагот на смртта, или ќе научиш да го вреднуваш во овој момент?

Кога си во немоќно и старо тело, во осаменоста; многуте спомени за минатите времиња и постојаните мисли за одминатото време, ќе ти ја покажат вистината дека си го трошел животот и си ја пропуштил можноста да изживееш еден значаен живот. Без приказни за изгубените денови за детството, за адолесценцијата, за 20-тите години, за 30-тите години… фокусирај го вниманието на херојот кој во секоја возраст е ист – тоа си ти, не старееш, со душа на дете и сила на јунак…

Не кажувај никогаш дека веќе е доцна, нема доцна за промена и за нов почеток, во секоја возраст можеш да почнеш да го креираш својот животен пат. Тоа што поминало, тоа ќе остане во минатото, но не пропуштај ги сегашните минути и часови и наредните денови и години во живеење без цел. Времето – тоа е нешто што никогаш не можеш да го вратиш повторно, затоа цени го и дај му ја потребната важност, за да не зажалиш некогаш за нешта кои не си ги направил, зборови кои не си ги кажал и дела кои не си ги создал. Живеј вистински, искористи ја секоја секунда… за да не зажалиш дека залудно си живеел.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦртежи направени со една линија | Quibe
Следна објаваИдеи за домот | Катче крај прозорецот
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР