Сакам да читам. Уште повеќе сакам кога уредно ги сепарирам прочитаните од непрочитаните страници“ – ако се согласувате со оваа констатација, денешната лесна креативна активност ќе Ве расположи и ќе направи да се чувствувате убаво додека креативно се ангажирате и откако ќе почнете да го користите Вашето креативно дело. Зошто да купувате обележувалки за книги кога може сами да си ги направите?

7

Што Ви е потребно:
–  хартија со интересен дезен
– ножици
– стаклени плочки (се купуваат во продавниците за копчиња)
– големи спојувалки за хартија
– силиконско лепило
– запалка

2

Чекор 1: најпрвин, ја сечете хартијата со дезенот по формата на стаклените плочки.
Чекор 2: можеби најтешкиот чекор – свртете ја рамната опачина на стаклената плочка и поминете со затоплениот силикон по нејзината рамка и додадете дебела сума на лепак по целата површина. Притиснете ја хартијата со дезенот внимателно, по целата површина, без хартијата да се искине.

3

4
Чекор 3: почекајте да се исуши пред да преминете на лепење на спојувалката – загрејте го силиконот и веднаш додајте ја спојувалката на позадината од стаклената плочка на која ја залепивте хартијата. Финалниот чекор е лепилото да се исуши.

5

6

Веќе имате симпатичен готов производ кој многу ќе Ви користи. Се надеваме дека направивте вистински избор со боите и дезените на Вашите додатоци за книги и дека навистина ќе Ве послужат (на пример, во организирањето на Вашата библиотека по боја). Зошто да не?

7

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖивеење на работ | Ahn Jun
Следна објаваНеверојатниот Сингапур
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР