Нашиот читателски живот е карактеристична приказна, индивидуална сама по себе, за тоа како книгите и читањето не обликувале кои сме и како живееме. Тоа претставува отворена категорија не само за редовните пристапници кон убавиот пишан збор, туку и за гости од издавачката индустрија, авторите и секако, највлијателната категорија – активните и идните читатели. Ако сте заинтересирани да увидите како најголемиот број од читателите во суштина, научиле да читаат, проследете го искуството на Грег Цимерман, уредникот на Book Riot, веб-магазинот за современата литературна фикција.

Научив да читам кога ги отворив очите.

Научив да читам со помош на енциклопедиите со кои решавав детски мистерии.

Научив да читам со тоа што сам ги избирав следните авантури во следната книга.

Научив да читам додека долгото, летно попладне ги одведе другите немирно да трчаат по игралиштето.

Научив да читам за време на паузите помеѓу работното време, тениските натпревари и непријатните состаноци. Да го читам Шекспир, Хемингвеј и Харпер Ли.

Научив да читам на самиот плоштад, во срцевината на сета мешаница.

Научив да читам цела ноќ. И сеуште уживам во тоа.

Научив да читам селективно – да разбирам што ми се допаѓа, и најважно од се’, зошто ми се допаѓа.

Научив да читам, кога научив да го читам она што го сакам и да ги оставам другите да го читаат она што го сакаат.

Научив да читам во кафулиња, дури и во вечерните часови, во придружба на (не)квалитетно вино.

Научив да читам во една заедница на други страстни читатели.

Научив да читам со неверојатна љубопитност и брзина.

Научив да читам и на екран, да направам разлика во поглед на автентиката на публикациите.

Но… сеуште учам да читам.
Никогаш, никогаш нема да престанам да учам да читам – дури и кога ќе мислам дека сум прочитал доволно за еден животен век.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФотографии со вонвременски приказни | Cade Martin
Следна објаваДрвена палата како од сликовница
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР