Со програми како Фотошоп можете да ги подобрите и да креирате разни фотографии, но не секогаш мора да се потпирате на програми за обработка на фотографии кога сакате да направите незаборавни фотографии. Некои креативни фото идеи можете да ги направите со неколку основни алатки и Вашето чувство на имагинација. Ние издвојуваме 7 креативни идеи, кои можете да ги направите сами и да создадете неверојатни фотографии.

1. Креирајте чудни сцени на тротоар

Благодарение на фотографи како Jason Lee и Dave Engledow, најзабавно е да се биде родител. Не мора да поседувате Фотошоп вештини за да создадете интересна сцена, фотографот Kim Cooper користи само обични креди. Без разлика дали Вашиот син сака да биде Супермен или Вашата ќерка се чуствува како мала принцеза, можете да им ги создадете фотографиите од нивните соништа.

2

2. Семејна фотографија на Вашите нозе

Вашите патување можете да ги меморирате со невообичаена семејна фотографија на која акцент ќе имаат Вашите нозе и околината што Ве опкружува. Овие фотографии станаа навистина популарни после серијата фотографии на Tom Robinson, насловена како Feet First од 2005 година.

3

3. Заменете ги светските знаменитости со ефтини сувенири

Патувате некаде? Забавувајте се на свој начин, создадете интересни фотографии, заменувајќи ги знаменитостите со сувенири. Идеја на фотографот Michael Hughes кој од 1998 година создава вакви фотографии.

4

4. Креирајте натчовечки илузии

Ќе ја чувате Вашата сакана на дланка? Креирајте фотографија со која ќи и го покажете тоа. Фотографија на Aaron Wilcoh која изгледа интересно без фенси Фотошоп трикови. Двојката лежи на подот кај основата на некои скали. Добиваме претстава дека тој има натчовечка сила или пак таа е лесна како пердув, но вистината е дека неговите раце се ставени под нејзините нозе.

5

5. Фотографија во светот на бајките

Зар ова не изгледа како светот на бајките? Без Фотошоп, со прскалки можете да создадете Ваша фотографија од бајките. Во создавањето на фотографијата, учествува уште еден човек кој трча околу заљубениот пар, создавајќи кругови од светлината на прскалките. Друга идеја за фотографија со користење на прскалки е испишување на зборот LOVE. Една фотографија, а многу љубов.

6

6. Фатете го Вашето милениче во несекојдневна ситуација

Фотографија на Ben Torode и неговото преслатко маче, супер идеја за меморирање на неверојатните потези на Вашите миленици. Овозможете им да се чуствуваат природно и ќе се изненадите од добрите фотографии кои ќе ги направите.

7

7. Обновете некоја фотографија од детството

Со текот на годините, помалку или повеќе се менуваме. Секогаш знаеме да се насмееме гледајќи ги старите фото-албуми. Не можеме да си поверуваме каква фризура, стајлинг сме имале, но токму тоа ги прави старите фотографии интересни. Обидете се да создадете фотографија иста како онаа од детството и ќе забележите колку многу се имате променето. Irina Werning со нејзината серија фотографии Back to the Future, ја потврдува констатацијата дека и истиот стајлинг не ни помага да бидеме истите од порано.

8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМашка улична мода
Следна објаваКако навистина изгледал Vincent van Gogh | Tadao Cern
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР