Легендата продолжува да живее – лик кој истапува од масата, на доволна возраст за подготвеност и поволни околности за еден маестрален вид на гениј во историјата на англиската литература, а истовремено, извонреден драматичен поет. Век по неговата смрт, нема кој да го надмине овој феномен во поглед на генијалноста и импактот кој го остава врз светската книжевност – неверојатен е фактот што една личност, со четиринаесет години формално образование, но, без академска амбиција која бездруго, ја маркираше епохата во која што тој живеел е навистина ретка појава.

1

Шекспир е таа личност. Дали Шекспир навистина претставува енигма? Како е можно да ги искачи академските височини без академската позадина? Овој калибар на прашања ретко ги мачи современиците на модерната литература. Она што тие го знаат и негуваат кон Шекспир е вечниот восхит и познавање на безвременските „Ромео и Јулија“, „Хамлет“ или „Отело“ единствено преку училишните клупи не прави да се чувствуваат инволвирани во легендата позади легендата. Вистинска енигма. Тешка и комплексна проценка на најголемата литературна фигура на сите времиња. Патем, изумител на преку 2000 нови зборови во англискиот јазик.

„Кога тагата пристигнува, не е составена од индивидуални шпиони, туку од баталјони.“

P

Ерата во која Шекспир живеел и творел е наречена Ера на Елизабета/Ера на Шекспир, односно несомнено, златното доба на англиската книжевност. Тоа се должи на рапидниот пораст на литературните достигнувања на еден, дотогаш осудуван начин, идентификуван со широката маса, омразен од благородничките лози поради „неуметничкиот“ карактер, застапен во поетските драми во кои народот уживал. Но, и покрај ставот дека недостатокот на естетски ефект е енергија, најклучната фигура во англиската власт искрено се восхитувала и го вреднувала делото на младиот Шекспир.

„Ограбениот кој носи насмевка најверојатно има украдено нешто од самиот крадец.“

Неговата генијалност лежи во уметнички интуитивната вештина да ги предвиди и да ги сослуша маките на обичниот човек, да навлезе субјективно во нивните глави и да ги прикаже доблестите и мааните на едно секојдневие. Да ја велича љубовта, да ја осуди алчноста. Да ги открие семејните афери и да ја нападне хиерархијата на власта на крајно иновативен и суптилен начин.

„Курсот на вистинската љубов никогаш не тече непречено.“

Сета уметност е политичка, во спротивност би била само украс. И сите уметници имаат нешто да кажат… Неговата способност за спонтано создавање во писмен мотив на литературна уметност не се должи на неговата интелектуална цел, естетски мотив или духовна тајна, токму поради различните гледишта дека вистинското лице на генијот се крие позади ликот наречен Шекспир – на почетокот обичен актер кој не знаел да чита, на крајот сеуште актер кој не знае да чита, но, создава маестални драми во поезија. Одржана основа за сомнеж!

„Изгледајте како невин цвет, но, делувајте како змијата која се крие позади истиот.“

4

Постои општ консензус дека Шекспир во суштина бил имитатор, псевдоним, општествена маска. Постои согласност дека позајмувал приказни и ги разубавувал до неверојатна мера, со цел да им даде опиплив карактер и поистоветување. Драматични потези кои од хартија се отелотворувале на сцена, со евидентна восхитувачка примена на грчката траги-комика, на крајот и самиот е жртва на истата, според извесни гледишта. Не постојат одржани докази за неговото постоење, ниту семејство, ниту документација. Постојат само неговите дела – односно, оние драми кои го содржат неговиот потпис. Со испишување на најпоетската визија на животот, големината на ова наследство е од оној калибар што го издржува тестот на времето, бремето на сомнежот и своевремените негативни критики и опструкции за денес да опстане на пиедесталот на литературна легенда. Легенда која продолжува да живее – и така, иако неговата приказна е завршена, неговото влијание не е … неговиот споменик останува да живее, направен е од стихови, а не од камен… и ќе постои, се’ додека зборовите се направени од здив, а здивот од живот!

3

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Подметачи од цедиња
Следна објаваПонуда за брак во книжарница
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

3 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР