Можеби најголемата музичка дива на денешната поп-сцена, Бијонсе, реши да сподели со нејзините обожаватели и широката јавност нешто интимно и уникатно – личен документарен филм за нејзиниот живот, со наслов Life Is But A Dream.

Како што наговестува трејлерот за истиот, филмот ќе ја покаже вистинската Бијонсе зад ‘ѕвездената’ завеса и ќе ја прикаже секојдневната борба на пејачката да остане актуелен изведувач, но сепак достоинствена личност. Докуметарниот филм е во режија на самата Бијонсе и за истиот ќе бидат искористени приватни снимки од нејзиниот живот: нејзиното детство, снимањето во студио, подготовките за настапите во живо, нејзината улога на мајка на Блу Ајви и жена на Џеј Зи.

Life Is But A Dream ќе биде премиерно прикажан следниот месец, на 16-ти февруари на каналот HBO. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСлики со илјадници карактери | Sagaki Keita
Следна објаваКомплексноста на Универзумот
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР