Планирате реновирање на Вашата соба, или можеби очекувате нов член на семејството, па потребна Ви е инспирација за уредување на просторот? Денешниот Направи сам предлог се содржи во Направи сам завеса.

1

Потребно Ви е:
– ткаенина (или непорабена завеса)
– бои и валјачиња
– хартија (флипчарт формат)
– молив
– скалпел
– селотејп

Како да го изведете сево ова?
Чекор 1:
Испечатете го дизајнот кој го сакате на завестите (нашиот предлог е своевиден зебра патерн).

2

Чекор 2:
Поставете го испринтаниот модел врз флипчартот и со молив искројте го моделот.

3
Чекор 3:
Внимателно со скалпелот исечете го вишокот хартија, по самите рабови на моделот.

4
Чекор 4:
Време е за боење – првин, прицврстете ја хартијата за ткаенината со селотејп (по рабовите), поставете го пресечениот скелет врз ткаенината и со валјачето поминете по деловите кои ги исековте. Поминете неколку пати за да го постигнете саканиот интензитет.

5
Чекор 5:
Откако ќе дозволите бојата да се засуши, внимателно отстранете ја хартијата од ткаенината.

6
Чекор 6:
Откако ткаенината целосно ќе се исуши, порабете ја со конец кој соодвестува на бојата на дизајнот.

7

Тука не завршува проектот: потребно е да изберете соодветни корнизи и алки, да ја закачите и самиот простор да го зачините со слични украсни додатоци. Изборот е само Ваш, кога веќе ја имате Вашата лично дизајнирана завеса со рачна изработка!

8

9

10

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСрцето знае…
Следна објаваАлјаска | Ледената убавица
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР