Модните блогерки последниве неколку години се покажаа како одлични стилисти и модни критичари и нивното мислење се’ повеќе се цени во светот на модата, а со тоа нивната влијателност на светската модна сцена постојано расте. Овие ‘обични смртнички’ всушност девојки со стил, кои започнаа повеќе модни трендови, сега ‘лансираа’ уште еден додаток на улиците, кои заврши на модните писти последнава сезона – јака налик ланче.

Фустаните со таканаречената Петар Пан јака, кои портретираат еден вид школски (preppy) стил, веќе неколку сезони е популарно парче, а овој моден додаток потекнува токму од нив. Истиот, полека но сигурно станува моден тренд, а модните икони и трендсетерки како Alexa Chung го популаризираа носејќи го во разни комбинации. Овој необичен детаљ може да замени кошула под џемпер во дневната облека или пак да игра улога на ланче кое ќе даде елегантен и класичен допир на вечерниот фустан.

1

2

5

3

4

6

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметност на создавањето | Црвен фустан
Следна објаваНаправи сам | Fishtail плетенка
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР