Во овој проект, ќе Ви покажеме како да го направите овој моден додаток што полека настапува како моден тренд, а најважно е тоа што ќе биде едноставно, брзо и евтино.

00

Потребни материјали:

  • кошула со јака која веќе не планирате да ја носите
  • убаво копче или брош
  • ножички
  • игла и конец

1

Изработка:

Исечете ја јаката од работ на кошулата и доколку има расресени конци средете ги. (Веќе постоечкото копче и дупче на јаката оставете ги недопрени бидејќи ќе Ви требаат за закопчување.) Пред да почнете да шиете, измерете каде точно ќе почнете, бидејќи во крајниот производ украсното копче треба да биде точно во средина. Сошијте го украсното копче на едната страна од јаката така што ќе го поминете повеќе пати за да биде поцврсто. Се’ што Ви преостанува е да го ставите јака-ланчето на себе, да го закопчате и да го искомбинирате новиот моден додаток со прикладна гардероба.

(Доколку имате мал брош, ќе го избегнете процесот на шиење а ќе добиете речиси ист резултат. :) )

2

3

0

4

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДа сакаш вистински | Приказна која ќе ве промени
Следна објаваПотпирач против нервоза
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР