Има различни начини за печатење на ткаенина, но принтот со компир, доколку се работи за лесен дизајн, е еден од наједноставните. Не е потребна никаква вештина, само малку време и внимание. Со оваа техника можете да ги исшарате заборавените светли панталони во вашиот ормар, обичните бели торби, досадните навлаки за перници, старите маици, итн.

Потребни Ви се:
– материјал (во случајов торбичка)
– боја за текстил
– мал сад
– компир
– стари весници

88

Обложете ја работната површина со весници, за да можете слободно да работите. Исечете го компирот на половина и издлабете го во саканата форма. Ставете ја бојата во мал сад.

99

Доколку сакате вашиот принт да биде рамномерен, означете си помошни линии на материјалот и почнете со работа. Потопете го компирот во бојата и нанесете го на материјалот, баш како печат.

66

Оставете да се исуши. Прочитајте го внимателно упатството за бојата. Некои бои за текстил по сушењето е потребно да се испеглаат. Направете го тоа доколку треба.

44

Вашата торбичка е подготвена за носење.

77

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШолји кафе
Следна објаваПрошетка меѓу облаците | Eduardo Coimbra
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР