После празниците, сигурно дома имате изобилство од празни шишиња и многу плутени тапи. Минатата недела Ви покажавме како да направите огласни табли од плутени тапи, а денес како да направите шишиња со натпис на нив. Не фрлајте ни едно шише, може да биде совршен декор за Вашиот дом.

Потребно:

  • -празни шишиња;
  • -пиштол за лепак;
  • -боја по избор.

Изработката е брза и едноставна.

Чекор 1. Исчистете ги шишињата добро.

Чекор 2. Со пиштолот за лепак, пишувајте по шишињата, текст по Ваша желба. Топлиот лепак прави чуда.

Чекор 3. Почекајте да се излади и обојте го Вашето украсно шише во која боја сакате.

Откако бојата ќе се исуши, пронајдете му соодветно место на Вашето украсно шише.

1

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛитературни графити
Следна објаваНајдобриот пријател
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР