Home Категории Млади креативци Бегство од секојдневието | Весна Велевска

Бегство од секојдневието | Весна Велевска

За сите девојки никогаш не е доста за облека и накит. Без разлика на количината која ја поседувате Divian Arts Ви претставува must have парчиња накит, особено за љубителите на уникатниот накит. Рачно изработени од полимерна глина, дело на креативниот ум и вештите раце на Весна Велевска. Нејзините Miniature Treasures се разнобојни, тематски и мора да признаеме преслатки.

1. Од каде инспирација за ваков вид на уметност?

Инспирацијата за овој тип на уметност ја добив од интернет. Често разгледував креативни начини за изработка на накит, идеи за DIY или „направи сам“. Полимерната глина ми изгледаше како најинтересна, а дома имав неколку парчиња бидејќи сестра ми има изработувано пред мене и решив да пробам да изработам нешто. Почнав со едноставни обетки во форма на колачиња и потоа продолжив со се покомплицирани.

2. На каков фид-бек надоаѓате по повод Вашата работа?

Фид бекот во однос на изработката на накит од полимерна глина е сега за сега прилично добар. На почетокот изработував само за мене и најблиските, но откако повеќе луѓе покажаа заинтересираност за изработките решив да ги продавам. Најголема заинтересираност има за изработка на нешто уникатно со некакво посебно обележје за купувачот било да е тоа одреден датум, бројка, буква и слично.

3. Какво е Вашето сфаќање за креативноста?

Мислам дека креативноста е квалитет или особина за создавање на нешто уникатно, интересно и впечатливо преку кое што можеш да изразиш емоција. За мене креативноста е начин да избегам од монотоноста на секојдневниот живот и да се посветам на создавање нешто што ќе го разубави денот за мене па и за некој друг.

4. Од каде идејата за изработување на накит?

Идејата за изработување на накит ја добив од сестра ми и мајка ми. Сестра ми е постара од мене и таа многу често се занимаваше со креативна работа како цртање, а и изработка на накит од монистра. По некое време решив и јас да си ја пробам среќата, но во изработката со глина бидејќи ми даваше неограничени можности. Со глината може да се изработи речиси се во минијатурна верзија без разлика дали е парче торта, пингвин, змеј или минијатурна реплика на гитара.

5. Што би им порачале на креативците?

На креативците би им порачала да веруваат во себе и да не се плашат да ги покажат своите способности. Креативната работа е многу субјективна и може да наиде на позитивни коментари, но и на критики, но тоа не значи дека не вреди или дека не е добра. Целта е да се обидуваме да ја видиме убавината во секојдневниот живот и да ја преточиме во нашите креации.

1

2

3

4

5

6

7

8

11

20

19

18

17

16

15

14

13

12

Доколку Ви се допаднаа креативните дела  на Весна можете да добиете како награда едни од овие Miniature Treasures. Се што треба да направите е да кликнете “МИ СЕ ДОПАЃА” на проектот и на фан страната на Весна. На крај оставете го Вашето Име и Презиме во коментар под објавата. Изборот на добитникот ќе биде случаен. Со среќа :)
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.