Пред почетокот на новата година Ви го прикажавме првиот дел од листата на најдобрите лизгалишта во светот.  Но фактот што зимата се’ уште е тука, докажува дека се’ уште имате време да отпатувате некаде и да посетите некое од најдобрите лизгалишта во познатите светски метрополи. Во продолжение погледнете го вториот дел од листата на најдобрите лизгалишта во светот и подгответе ги своите лизгалки за незаборавна забава.

6

 Каналот Рајдо, Отава

Каналот Рајдо е најголемото природно смрзнато лизгалиште во светот и истото е под заштита на УНЕСКО. Лизгалиштето започнува близу зградата на парламентот на Канада и се протега до езерата каде во зимскиот период е поставена надворешна уметничка изложба на мраз. Каналот е долг 7.8 километри, и ако ве заплашува овој факт, не грижете се – по пат има бројни места предвидени за”одморање на лизгалките”, огништа и штандови со храна и топли напитоци.

7

Тиволи градина, Копенхаген

Градините Тиволи иако се пример за хортикултуно достигнување и зелени градини со бујна вегетација, во зимскиот период се трансфомираат во област налик зимска идила. Прекрасни светлосни декорации, мало село од штандови со храна и пијалоци, а врвот е историското 200-годишно езеро кое е замрзнато и формира бајковито лизгалиште.

8

Црвениот плоштад, Москва

Долгите и ладни зими во Москва овозможуваат совршени услови за секое лизгалиште. Најпознатото тука е централното лизгалиште опколено со познатите знаменитости на градот – се наоѓа на Црвениот Плоштад, поставено пред познатата Кремлин тврдина. Лизгалиштето е доволно големо и фактот што е опколен со градби како катедралата Св. Басил, го прави ова искуство поуникатно и помагично за лизгачите.

9

Фуџи-Кју, Фуџијошуда

Фуџи-Кју е забавен парк близу планината Фуџи. Светски познатите ролеркоустери во зимните месеци се спакуваат и отстапуваат место на најголемото надворешно лизгалиште во Јапонија – Извонредниот смрзнат ринг со површина од 15378 метри квадрати. Совршено место за лизгање, со чист планински воздух и неверојатна панорама.

10

Ледениот сон, Виена

Ледениот сон е најпопуларното лизгалиште на отворено во светот и можеби највпечатливата карактеристика на Виена ви зимниот период. Несомнено местото кое не смее да се изостави во посетата на Виена за време на новогодишните и божиќните празници, огромното лизгалиште е распослано на градскиот плоштад, пред општинската зграда придружено од уште две помали лизгалишта меѓусебно поврзани кои овозможуваат обиколни прошетки низ центарот на градот на лизгалки. Во средината на оваа ледена област има сепариња со греење каде се служи пунч, топол чај и локални специјалитети. Се’ на се’ е причина за извонредно искуство за мештаните како и за туристите, каде, верувале или не, влезот е бесплатен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСопругата на патникот низ време – Одри Нифенгер
Следна објаваПогледни…
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР