Генетика на кучињата – Венко Андоновски

„Бог е книга која треба да се отвори. Книгите постојат само додека ги читате. Во моментот кога ќе ја затворите книгата, таа се претвора во предмет со некаква боја кој го ставате на полица.“

Евидентно најзначајната порака која што конкретен автор може да ја пренесе на широко-појасната публика: колку е во суштина, од есенцијална важност да се нагласи потребата од читање во услови на модернистички концепиран живот, акцент на човечката алчност и подем на амнезијата која ги заглушува вистинските вредности. „Не се ни отворени. Како девици. Десет илјади книги. Купени од татко ми. Желба да се создаде сина крв. Преку ноќ. А во куќава живеаат само џукели.“ – во цитат на болно признание на отпишаниот син на г-дин Игњат, главата на семејството Глембаеви. Извештачени семејни односи и очигледни психолошки проблеми кои ја отсликуваат неуредноста на повторен брак, полу-сродство и мешање на еминентни лица од надвор во тесниот круг на примарниот агенс на социјализација.

Со значителна употреба на мудрости кои по автоматизам произлегуваат од тежината на живеењето, содржани во „Некаде имам прочитано дека душата е стакло низ кое ги гледаш другите души. И, ако на твојата душа има дамки – многу лесно може да се случи да ги обвиниш другите дека се нечисти“ , односно она што навидум ќе го измиеш од себеси, да го префлиш како вина на друг. Се’ можеш да тргнеш од себе, но, не и моќта која ти ја гарантираат парите. Од се’ може да се откажеш во животот, дури и од роденото дете, но, не и од сигурноста која оди во пакет со парите… или можеби, можеш? Релативна е таа линија на морал, особено кога е затекната во заплетката мрежа на односи – семејни, општествени, медиумски, сексуални… „Да не се навредуваме. Јас за Вас имам високо мислење – како за платен убиец. Оној кој има пиштол в рака, а кај Вас перото е пиштол, на се’ околу себе гледа како на жртва. Јас немам факултет, но знам се’ за човековите души. Душата на човека има точна цена. Сите револуции може да се спречат со точна цена…“ ако се надмине синдромот на генетика на кучињата.

Со цел да ја објасни суштината на неговата кратка и концизна приказна содржана во неповторливи драмски редови, Андоновски вели: „во неа има и два лика кои имаат исти имиња како кај Глембаеви на Крлежа, но тоа се наши ликови, ставени во сосем поинаков контекст. Иако по се’ изгледа дека времето и не е многу сменето… Досега немам направено вака широка драмска претстава, која преку епското платно се занимава со распадот на семејството, со општествените дијагнози што го предизвикуваат тој распад. Тоа е натуралистички суров текст, кој зборува за нашето време“. А ние ја имаме апсолутната (не)среќа да бидеме соучесници на истото тоа време, согласувајќи се со авторот дека „тоа е анатомија на злото, анатомија на парите, на тоа како парите влијаат на телото и на духот на модерниот човек, како влијаат на расчовечувањето, без човекот и неговата околина да се свесни за тоа“; но, свесно преспивајќи го делот на будење на човечноста.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата продавница на Louis Vuitton
Следна објаваTiffany&Co | Перфектен подарок
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР