Падна првиот снег, а вие веќе се затворивте во својот топол дом. Мора да признаеме дека тоа и не е толку лошо. Топло чајче, добро филмче, опкружени со луѓето што ги сакате во топла атмосфера… совршено. Но барем за момент излезете од Вашето топло скривалиште, облечете се добро и спремете се за снежна авантура. Постојат многу начини на кои би можеле да уживате на снегот. Ние ќе Ви предложиме неколку, а Вие слободно надополнете не доколку сметате дека нешто сме испуштиле.

Прошетка на снег. Мора да прошетате на снегот, особено кога паѓа снег, тоа е најромантичната прошетка што можете да ја замислите. Фатете ја саканата личност за рака и излезете пред да се стопи снегот.

Правење снежен ангел. Сигурни сме дека барем еднаш во животот имате направено снежен ангел. Време е да се потсетите.

Скијање. Можност да заминете на планина, да уживате во чист воздух и во скијањето. Вљубените во зимските спортови, знаат за што станува збор, а доколку не скијате, време е да научите.

Правење снешко. Неизбежен дел, мора да одвоите време и да го создадете Вашиот снежен пријател, по можност да го направите со Вашите вистински пријатели. Не заборавајте да направите заедничка фотографија.

Снежна борба. После снешкото, организирајте си борба со снежни топки. Ќе се забавувате и верувајте, нема да го чуствувате студот.

И не заборавајте: Не муртете му се на времето. Снегот ќе се стопи, но Вашите спомени ќе останат. Уживајте во убавините кои снегот Ви ги нуди. Не се затворајте дома бидејќи доаѓа уште една долга зима… дајте и прилика да ја засакате.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативна рекламна кампања | Matteo Pozzi
Следна објаваСнежна мода
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР