Сакате да бидете автор? Ја знаете ли разликата помеѓу писател и автор? Знаете ли зошто никогаш не треба да дадете одговор на прашањето „што е тема во Вашата книга?“? По скокотливата содржина на „Само кога би знаеле…“, инспирирани од “5 Takeaways from the Writer’s Digest Conference”, со Вас споделуваме 5 совети како да ја следите својата амбиција за пишување. Запомнете дека стилот без приказна е само празен костум… но и амбицијата е само празна школка ако го немате основното, талентот за пишување.

1. Нема книга во Вашиот ум

Размислувањето и пишувањето се две различни работи“ вели писателот Aimee Bender. „Може да имате големи идеи во умот, но единствената книга која постои, постои единствено на овие страници“ – процесот на пишување не е начин на кој Вашите мисли се преведуваат на лист хартија, туку обратно. Пишувањето всушност, дава пристап до Вашиот ум. Постои еден цитат кон кој се придржуваат многу автори, а кој гласи дека „пишуваме за да сфатиме за што точно размислуваме“.

2. Мамката треба има добар вкус за рибата, а не за рибарот

Овој интересен совет доаѓа од сценаристот Richard Krevolin – иако истиот има совршена смисла, многу е тешко да се примени бидејќи тоа значи дека не е толку важно да Ви се допаѓа она што сте го напишале. Вашето пишување мора да предизвика некого, ако сакате да бидете автор. Агент, уредник, читатели… мора да најдат нешто во Вашите страници за да се задржат на нив. И подоцна, да Ве препорачаат низ пријатели или низ медиумите. Најважно од се’ е да бидете предмет на восхит поради напишаното, а не на потсмев.

3. Не предизвикувајте ако не знаете да се борите

Оваа констатација е всушност охрабрување, бидејќи значи дека авторот не е обврзан да ги следи сите совети. Тој мора да направи паметен избор за тоа како ќе го потроши своето време, особено кога станува збор за односи со јавноста како дел од авторството. На пример, ако луѓето Ве мразат, тогаш е подобро да ги заобиколите јавните настапи. Ако Ве навредуваат во поглед на Вашите статии, блогови, сајтови; можеби е подобро да ги избришете истите. Постојат многу работи кои може да ги направите да да го пружите најдоброто од себе. А тоа значи, прво и основно, да не се откажете од пишувањето дури и ако се соочувате со неодобрување на јавноста.

4. Играјте паметно со издавачите

Постојат 4 гиганти во издавачкиот пазар: Amazon, Barnes & Noble, Target, and Walmart. И останатите приватни/национални сајтови за веб-продажба, книжарници: авторите мора да играат паметно со нив. Односот помеѓу авторот и издавачот се одвива на 2 начини, така што предностите мора да бидат искористени – на еден начин, широко-појасност на рекламни информации за Вашата книга, додека на друг – достапност истите да се купат online. Имајте го ова на ум доколку планирате да заиграте на домашната сцена.

5. Бидете прилив, а не одлив

Уште една квалитетна мисла на авторот Chuck Wendig, кој цели кон тоа дека мора да сте привлечни за луѓето… зошто, за да постои една книга, мора да има читатели. Она за што ние тука зборуваме се нарекува литературно државјанство – тоа е вид на придонес кон книжевната заедница, купувајќи и конзумирајќи списанија, книги; подоцна истите да ги прочитаат и да бидат поттикнати на дискусија за истите. Тоа создава ентузијазам од кој сите автори (а во принцип и целата книжевна култура), апсолутно зависат.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНесекојдневни фотографии на една вљубена двојка
Следна објаваФото на денот | Најубавата птица во зима
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР