Суровата реалност

Парадоксот на нашето време низ историјата е да имаме поголеми згради, а пократки живци, широки патишта, а краток поглед. Трошиме повеќе, а имаме помалку, купуваме повеќе, но уживаме помалку. Имаме поголеми куќи, а помали семејства, повеќе погодности, но помалку време.

Имаме повеќе дипломи, но помалку разум. Повеќе знаење, а помалку расудување, повеќе стручни лица, а повеќе проблеми, напредна медицина, но помалку здравје. Трошиме премногу пари, но се помалку се смееме.

Го зголемивме нашето богатство, но ни се намалија човечките вредности. Зборуваме премногу, сакаме премалку и мразиме пречесто. Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Додадовме години во животот, но не и живот во годините. Стигнавме се до месечината и назад, но имаме потешкотија да поминеме преку улица и да го запознаеме новиот сосед.

Направивме многу големи работи, но не и подобри. Го исчистивме воздухот, но ја загадивме душата. Пишуваме повеќе, но учиме помалку. Планираме повеќе, а постигнуваме помалку. Научивме да брзаме, но не и да чекаме. Правиме повеќе компјутери кои содржат повеќе информации, а ние комуницираме се помалку.

Ова се времиња на брза исхрана и споро варење, големи луѓе, а ситни карактери, брзо заработување, но плиток однос. Ова се денови на луксузни куќи, но уништени домови.

Запаметете, поминувајте повеќе време со луѓето кои ги сакате, затоа што тие нема да бидат засекогаш тука. Кажете некој убав збор на онаа особа која ве гледа со стравопочит, затоа што таа мала особа наскоро ќе порасне и ќе замине.

Сетете се да дадете топла прегратка на оние околу вас, затоа што тоа е единствено богатство кое можете да го дадете со своето срце, а не чини ни денар. Бакнежот и прегратката ќе ја намалат болката која доаѓа длабоко од вас. Сетете се да кажете: ТЕ САКАМ, на вашиот партнер и луѓето кои Ви значат, но доколку тоа искрено го мислите.

Коментари

коментари

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР