Не сите деца на релативна возраст мислат дека љубовта кон книгите е вродена категорија – повеќето од нив, порадо би правеле се’ друго, освен да седнат да прочитаат нешто. Претворете го Вашето дете, братче или сестричка од приморан читател во вистински вљубеник во книгата. Со малку помош и малку волја за соработка од нивна страна, решително отворете им ги очите така што и најотпорното мало суштество кое Ви е најдраго, ќе научи да ги сака безвременските книги.

1. Бидете стројник – спојте го Вашето дете со вистинската книга

Да се појавите пред Вашето најмило со вистински избор е најдоброто нешто што може да го направите. Можеби ќе потрае додека изберете што навистина би го заинтересирало, но среќа, на интернет постојат доста интересни листи на наслови кои ќе Ви послужат како опција. На крајот на краиштата, сепак и книжарниците се доволно снабдени и колоритно уредени за самото дете да се осуди да избере нешто што му го привлекло вниманието.

2. Откажете се од она што Вас Ви се допаѓа и најдете корисни наслови според возраста на Вашето дете

Независно дали имате момче или девојче, среќни сте што издавачките куќи имаат што да понудат за обата пола. Почнувајќи од водичи како да се преживее првиот училишен ден, како е да се биде во тин години или слично; верувајте дека она што навистина ќе го израдува Вашето дете е раст на самодовербата. Понатаму, ќе следуваат и останатите жанрови кои бездруго, ќе ги прифатат.

3. Ставете го во небрано со тоа што ќе го испратите во поход низ библиотеката

Една членска картичка може да направи чуда: наредниот пат кога планирате посета на градкста библиотека, дозволете Вашето дете да Ве замени. Со истражување на полиците и разговор со искусниот библиотекар, Вашето најмило ќе се стекне со став дека е на вистинско место и полека ќе почне да ја креира својата литературна автономија. Слободата да го следи сопствениот интерес е од исклучителна важност.

4. Истражете ги и останатите опции, не се фокусирајте единствено на книги

Можеби треба да се соочите со тоа дека на Вашето дете едноставно, книгите не му се привлечни. Засега. Но, нивната алтернативна со разни едукативни списанија, стрипови или карактеристични енциклопедии не е за потценување – битно е да се чита, да се открие моќта на зборовите, кои подоцна, постои голема веројатност да им дадат шанса и на книгите.

5. Обидете се со дигиталниот начин на привлекување

Како и многуте современи деца, сигурно и Вашето од мали нозе знае да го користи вашиот компјутер. Можеби и Вашиот смартфон, iPad и слично. Електронските верзии на книги кои се достапни online може да придонесат доста за покачување на интересот кај вашето дете. Новиот формат на книгите е поблизок на новата генерација, така што многу полесно ќе прифати неколку е-страници, барем пред да го спознае мирисот на старите книги.

6. Покажете им како се прави тоа, бидете им читателски пример

Најдобриот начин навистина да ги внесете во светот на книгите, е да им бидете пример за истото. Читањето е забавно? Дозволете му на Вашето дете да го увиди тоа преку Вас. Децата забележуваат се’, па нека бидат сведоци за Вашето дружење со книгите, кое, да речеме, може да се одвива и на принцип „приказна пред спиење“. Бидете нивна добра вила или шармантен принц… Звучи забавно, нели?

7. Задржете го ставот и темпото дека читањето е повеќе од потребно

Бидете подготвени да се соочите со отпор и солзи. Но, запомнете дека имате цел која утре ќе му користи на Вашето дете, мора да се вгради сега во неговите навики. Можеби ќе потрае, а можеби ќе Ви се посреќи од старт: едно е сигурно, штом еднаш ги спознае бенифициите на читањето, нема да сака да се откаже од самите нив. А Вие ќе бидете сигурно дека сте им оставиле најбогато наследство на Вашите најмили.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерни спални соби (4.дел)
Следна објаваНовото Renault Alpina “AS1”
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ