Недоволниот интерес кон Париз ја намали гламурозноста на истиот во текот на последната деценија – метрополата се чини дека преживува една доста некреативна, уморна и здодевна фаза; дури и во сферата на модата, уметноста, храната. Како моментално напнато и непривлечно место, проблематичноста и оттуѓеноста се надминуваат со обидот на Греам Роб, кој го разбива ткивото на клишеа. Со различен поглед на париските параметри и лица кои ја запечатија историјата, неговата последна успешна студија каде ја открива Франција преку истражување на скриените и изгубени заедници надвор од Бретања и Прованса, тој се враќа во главниот град и покажува дека Ајфеловата кула, Лувр, Кафе де Флеур и Монматр се пејсажи во мрачна и странска фрагментирана историја, посеана со мистериозна магија.

Влијанието по повод психо-географијата на Јан Синклер од Лондон, се премостува во 19те поглавја на Роб кои се протегаат во последните години од античкиот режим до немирите од 2005 година – литературно насликани во различни расположенија и стилови, приказни, места и личности осудени на ехо, се’ со цел да ја цениме целосната суптилност на мрежните односи кои се развиваат долж книгата. Најверојатно, ќе Ве принудат да ја прочитате два пати, доколку навистина се внесете во истата. Роб ја започнува приказната со сериозен и нервозен млад човек од провинцијата, кој води дневник за својата прва посета на Париз и прошетките низ парадата на Пале Роајал. Ова е наративна шега преку која Роб постепено ја повлекува невиноста од младиот протагонист, поздравувајќи го новиот граѓанин на островот Корзика, кој го носи името Бонапарта. Книгата продолжува да ја следи историската патека низ урбаната џунгла: среќавајќи ја Марија Антоанета, изгубена во улиците на Тилери и неспокојна поради неуспешното бегство во Австрија; додека Пруст прави ретка комбинација во реалноста надвор од неговата спална соба на број 102 на Хаусман Булевар. Подоцна, склупторот Арно Брекер го придружува Хитлер за време на неговиот единствен престој во Париз, за време на окупацијата – Париз, кој го остава Фирерот занемен и опседнат во состојба на детска возбуда и восхит. Другите надоврзувања со личности се помалку славни, иако Роб за нив ќе рече „луѓето кои безмалку го спасија Париз, на кои не им е потребно да се именува улица по нив, па дури и споменик не е потребен.“ Да речеме, архитектот и геодет Чарлс Аксел кој сфатил дека левиот брег на Сена се потпира на тенок варовник и го заменил со голема инжинеринг-шема за да ги обезбеди темелите на градот. Некои од поглавјата се како расцепено ткиво: оние кои се восхитуваат на трилерите на Ден Браун ќе бидат заробени од студијата за Нотр Дам и таинствените симболи во нејзината фасада, додека желните за сомнеж ќе уживаат во деталите околу атентатот на Де Гол. Останатото, останува под знак прашалник дали навистина ни е познато од дневните вести.

Секое од 19те поглавја ветува изненадување, напишано во богата и флексибилна проза кој само повремено станува барокна, но возбудлива за своето доба. Тоа е релаксирачка подлога, бидејќи Роб не сака својот кабинет на куриозитети да го отвори премногу лесно, иако ова е длабоко интересна и генијална книга која бара реална концентрација од страна на читателот. Целта е секако постигната, барем во однос на ревидирањето на добро-познатите предрасуди и перспективи. Кога ќе помислите дека го познавате Париз, Роб како од ракав ќе Ве убеди во спротивното.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМагична природа | Barbara Florczyk
Следна објава85. роденден на Мики Маус
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР