Согласно нашиот избор и независно дали верувате или не верувате во хороскоп, со сигурност тврдиме дека сепак сте љубопитни да дознаете зошто ги направивме овие препораки за Вас. Верувале или не, повеќето луѓе се поистоветуваат со „напишаното во ѕвездите“, особено кога се работи за добро предвидување. Хороскопот е интригантен и забавен – прави да се прашувате дали навистина постои такво нешто како судбина или се се сведува на тенденција на случајности. Сметајте го ова како книжевен предизвик! По еден жанр за секој знак – на Вас да одлучите дали Вашиот зодијак има влијание врз Вашиот избор на книги. Затоа, останува да проверите и да споделите согласност или критика со нас. 

1

Овен
Ентузијасти по карактер, им се препорачува авантуристичка книга која ќе го покачи адреналинот на читателот на навистина завидно ниво. Нашиот предлог се концентрира во влечење на традицијата во модерни рамки, нешто во типот на Ден Браун и неговите „Ангели и демони“. Трилер кој можеби нема да Ве одведе до „and they live happily ever after“, но ќе Ве исполни со возбуда и исклучителна моќ на забележување.

Бик
Сигурна и трпелива личност, која ужива во скандалозни книги. „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков е нашиот предлог – не само за перфекција на две парцели од приказната, туку и за квалитетен развој на ликовите. Книгата открива нејасни скандали кои се метафора за секојдневните случувања во сечиј живот. Иако ќе Ве остави со прашалник врз главата, уживањето нема да Ве заобиколи.

Близнаци
Младешкиот дух кој копнее по интриги и дрскост, кој ги продолжува границите на нивниот суптилен еротизам: „Невеста во Борџии“ од Џин Калогридис ќе ја нахрани Вашата глад за интриги и непредвидливост, како и скандалозност затекната на забрането место. Конфузност при семејните врски и нарушување на вредностите пред очите на Бога. Светата столица не е имуна на љубов…

Рак
Интересна одлика на Раковите е нивната исклучителна конзервативност и негување на истата, но Вие истовремено сте и борец. Затоа, Ви препорачуваме класичен пример на надминување на состојбите во општеството, што значи Иговите „Клетници“ се совршен избор за Вас. Безразлика дали се поистоветувате со Козета или Гаврош, Иго ќе ја оправда секоја минута посветена на француската историја.

Лав
Знак кој ужива со сите свои сетила, засигурно ќе ужива и во конзумирањето на „Јади, моли се, сакај“ од Елизабет Гилберт, за да разберете дека и покрај уживањето, животот и не е толку тежок да се сфати во неговата суштина. Дури и ако претрпите емотивен пад. Малку волја и малку патување е вистинскиот рецепт. Но, Вие веќе го знаевте тоа, нели?

Девица
Перфекционист, но очигледно и романтичар – за Вас е потребна книга која ќе Ви помогне да ја спознаете важноста на силните емоции. Габриел Гарсија Маркез со својата „Љубов во време на колера“ умешно ќе ја нахрани Вашата потреба од љубов и ќе Ви помогне истата да ја инкорпопирате во Вашите односи со спротивниот пол. Реално, завидуваме на Вашата избраничка/Вашиот избраник.

Вага
Идеалист и рамнотежен карактер, каде препорачуваме значително забавно четиво кое е мост од фикцијата кон реалноста: од изборот на Гијом Мисо, за Вас е идеална „Затоа што те љубам“, затоа што е поврзана со начинот на кој ги перцепирате работите од Вашата околина. По завршувањето на книгата, ќе бидете свесни дека мирот и среќата може да се најдат дури и во хаотичните места. Покрај среќата, неминовна е и љубовта.

Скорпија
Со нем вресок од страст и искреност, Вие уживате да ги критикувате другите и да го користите сопствениот сарказам. Потребен Ви е наслов со кој ќе се фокусирате на сопствените недостатоци долж приказната и ќе тргнете на непредвидливо патување низ времето – „Девствено сино“ ќе го задоволи Вашиот критицизам, но не и Вашата желба за надмоќ, токму поради неможноста да се предвиди развојот на настаните. Доволно за да Ве превоспита.

Стрелец
Филозофски карактер кој ретко се задоволува од она што го чита – во името на таа цел, го препорачуваме „Понижени и навредени“ на Достоевски. Класично и проверено, поради Вашиот карактеристичен и природен начин на селектирање на значајните информации, оваа книга ќе Ви биде релаксирачка и лесна за читање. Дури и повеќе од тоа, ќе уживате во низата внатрешни конфликти на главните ликови.

Јарец
Еден практичен знак кој се одликува со трпеливост заганрантирано ќе му се допадне сижетна линија која ја влече љубопитноста. Пред да ја дознаат вистинската идеја на книгата, потребни им се шокантни секвенци кои сведочат за теротот, громорозните акти и човечкиот пад: Мишел Моран тоа перфектно го доловува преку „Мадам Тисо“. Патем, Вашиот историски куриозитет нема да биде запоставен со оваа книга.

Водолија
Секогаш свесна и сестрана личност, препорачуваме вистински емотивна приказна од типот на „П.С. Те сакам“ на Сесилија Ахерн. Вам Ви е потребна емоција која се чувствува од страница на страница, потребно Ви е потсетувањето на убавите времиња дури во срцето на злото… потребно Ви е да се концентрирате на Вашите желби и потреби, наместо на туѓите. За прв пат.

Риби
Внимателна и лесно адаптирана, причина поради која Ви ја препорачуваме „Никаде без ќерка ми“ со потпис од Бети Махмуди, бидејќи станува збор за адаптација во непријателска ситуација. Книга која навистина ќе допре до Вас затоа што ликот губи се, освен верата во себе како родител. Тешките пасажи ветуваат пријатно уживање долж страниците.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДа се чита е секси!
Следна објаваThe Addams Family | Pauline Darley
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР