Има повеќе познати причини зошто треба барем еднаш во животот да ја посетите Јапонија, а она што не го знаат многумина е дека овој остров е најдобар за посета во ладните месеци во годината. Многуте настани кои започнуваат овој период и траат до крајот на март, како фестивалите Chichibu Night и Oga Namahage, спектакуларните новогодишни прослави и January Antique Jamboree се само дел од возбудливите причини за посета.

На страна од овие настани, во овој период во Јапонија Ве очекуваат неверојатни визуелни задоволства – повеќе локации изобилуваат со уметнички и интерактивни инсталации и прекрасни разнобојни светлосни декорации, оправдани од фасцинацијата на јапонскиот народ со јаките бои и светилки.

Најпозната атракција во Јапонија во ладниот годишен период е грандиозната светлосна инсталација, наречена Зимска Илуминација во ботаничката градина Nabana no Sato, која се наоѓа на островот Нагашима во Кувана. Она што се случува овде се нарекува едно од најдобрите светлосни шоуа во Јапонија и пошироко. Овогодинешната тема е инспирирана од природата и изобилува со прекрасни сцени од изгрејсонце, виножита, аурори, како и цели дрвја и ливади за чие осветлување се употребени околу 6 милиони ЛЕД сијалички. Вниманието на туристите особено го привлекува спектакуларниот светлосен тунел кој дава впечаток како да поминувате низ магични портали. При посета на оваа магична локaција, ако можете да ја исклучите бучавата од илјадниците луѓе околу Вас, ќе се почувствувате како да зачекорувате во друг свет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Магично светлосно гратче
Следна објаваДа се чита е секси!
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР