Пригушената светлина што ја емитуваат свеќите, придонесува за топла, интимна и магична атмосфера во секој простор. Во проектот што следува, ќе Ви покажеме како со само неколку едноставни чекори да направите светлинска декорација од гратче во ноќта за Вашиот дом.

Најважната работа во овој проект е да одберете слика од куќа/замок/зграда што најмногу Ви се допаѓа. Може да ја исечете од стара книга, фотографија, списание, календар или да ја испечатите претходно зачуваната слика од Интернет. Пожелно е градбите да имаат прозорци, а останатото е Ваш избор.

Потребни материјали:

– избраната фотографија или хартиен материјал на кој има испечатено куќа или друга градба;

– ножици;

– скалпер;

– самолеплива лента/лепак;

– проѕирна стаклена чаша со големина прикладна на сликата;

– мала свеќа.

1. Исечете ја сликата така што на горниот дел ќе сечете по контурите на градбата, а од страните ќе оставите простор кој ќе ви биде потребен за да го обвиткате околу чашката, а нема да се гледа на финалниот производ.

2. Со помош на скалпер внимателно отсечете ги прозорците од сликата од каде сакате да продира светлина. (Не заборавајте да ставите некоја подлога под сликата пред да почнете да сечете со скалперот, за да не ја оштетите работната површина)

3. Свиткајте го исеченото парче во форма на цилиндар и залепете ги краевите меѓусебно.

4. Ставете ја стаклената чашка во хартиената куќичка, потоа додадете ја свеќичката.

Единствено што преостанува е да ги групирате куќичките на Вашата полица или маса, да почекате да се стемни и да уживате во Вашето мало светлосно гратче. :)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Angry Birds
Следна објаваСпектакуларно светлосно шоу | Јапонија
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР