Под претпоставка дека навистина е тешко да се соочиме со фактот дека константно купуваме и таложиме (не)потребни работи во домот, истовремено, мора да се натераме себеси дел по дел да се ослободуваме од истите – дали конечно е дојдено времето да ги подариме некому или истите да завршат во канта. Како чин на освестување послужува уметничката инсталација на холанѓанецот Anouk Kruithof, бидејќи книгите не се исклучок од оваа категорија. Наместо достоинствено средени на уредна полица, Kruithof создава илузија на „Џиновски ѕид од книги“, каде 3500 примероци во колоритна разиграност се наредени во правоаголна рамнотежа. Една минималистичка структура која наместо тули, користи книги: како потсетник уште денес да ги средите Вашите наслови!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Паричник од касета
Следна објаваДали пингвините летаат?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР