000

Ништо на светот не е поболно од разделбата со личноста која ви е сѐ во животот: радост и поткрепа, извор на сила, сигурност и безусловна љубов. Емотивно, физичко или духовно оддалечување, секогаш е со ист ефект – трага која засекогаш останува, присутна и толку неподносливо силна, што чиниш сѐ што преостанува од животот понатаму е постојано талкање по парчето кое е откинато од душата, и однесено некаде низ виорот на времето.

001

Татко и ќерка“ (,,Father and daughter”) е холандски анимиран краток филм, за зборот збогум  како конечна пресуда на физичкиот контакт, но не и на живиот копнеж во срцето. Татко се збогува со својата ќерка, времето минува, а езерото е сведок дека потребата по него никогаш не згаснува во нејзините мисли.

002

Анимираното видео во режија на Мајкл Дудок де Вит, во само осум минути и без ниту еден вербален дијалог, метафорички ја прикажува животната приказна за љубовта и разделбата од ближниот. Во 2000-та година беше награден со Оскар во категоријата за најдобар краток анимиран филм.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОбвиткајте се во книга
Следна објаваТајни – Даниела Стил
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ