Јас: „Боже, може ли да ти поставам едно прашање?“
Бог: „Секако, чедо мое.“

Јас: „Вети ми дека нема да се налутиш…“
Бог: „Ветувам, кажи што те мачи?“

Јас: „Зошто толку многу работи ми се случија денес?“
Бог: „Како мислиш?“

Јас: „Па, јас се разбудив доцна утринава….“
Бог: „Во ред, и?“

Јас: „Мојот автомобил не сакаше да запали.“
Бог: „Забележав.“

Јас: „За време на ручекот, чекав повеќе време од вообичаено за да го добијам мојот оброк.“
Бог: „Хмм…“

Јас: „На пат кон дома, батеријата на мојот телефон откажа, така да не можев да извршам ниту еден повик“
Бог: „Точно.“

Јас: „И кога си дојдов дома, уморен – посакав да ги поставам нозете во мојот нов масажер на стопала, ама проклетата направа не сакаше да се вклучи! Денес цел ден ми тргна наопаку… зошто Боже, дозволи да се случи вакво нешто?“
Бог: „Чедо мое, утринава Ангелот на смртта беше во твојот кревет. Бев принуден да испратам еден од моите ангели да ја води битката наместо тебе, па затоа те оставив да спиеш“

Јас: „Ох…“
Бог: „Не дозволив твојот автомобил да запали затоа што од спторивен правец доаѓаше пијан камионџија кој гарантирано ќе те удреше.“

Јас: (засрамен)
Бог: „Личноста која го спремаше твојот сендвич беше болна, така да те оставив да почекаш за да можеш да останнеш совршено здрав. Така би бил од корист и дома и на работа.„

Јас: „Во ред….“
Бог: „Твојот телефон откажа затоа што лицето кое го повикуваше имаше во план за лоши цели да го искористи она што ти имаше да му го кажеш. Затоа, подобро е што не му кажа.

Јас: „Мој Боже…“
Бог: „А новиот масажер – беше во состојба да ја поремети електричната енергија во твојот дом, така да подобро уморни стопала отколку мрачни простории.“

Јас: „Жал ми е, Боже“
Бог: „Немој да жалиш, само научи да ми веруваш. Да ми веруваш и за добрите, и за лошите работи.“

Јас: „Ти верувам мој Боже!“
Бог: „И да не се сомневаш во кројката на моите планови – секогаш ќе испаднат подобри отколку твоите.“

Јас: „Нема, ветувам. Ти благодарам Боже за се што направи за мене денес.“
Бог: „Нема на што, чедо мое. Како и секој ден, и денес бев истиот Бог кој се грижи за своите чеда.“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОблечете ја Вашата книга
Следна објаваЕсен во Будимпешта
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР