Во југозападниот дел на Англија, се наоѓа ридестата област Cotswolds, која ја нарекуваат “срцето на Англија”. Селцата во оваа област излоболуваат со зелените ливади кои се протегаат на повеќе ридови, замоци, интересни куќи-колиби и стари цркви, што го прави ова место едно од најубавите во внатрешноста на Англија.

Оваа област е смирена и романтична и тука несомнено ќе се чувствувате како да сте во средовековно време… полјаните се бескрајни, од една страна се куќичките кои се мали и камени, а од другата се издигнуваат прекрасните раскошни замоци како Ellenborough Park и Sudeley Castle. Замоците се со огромна историска и архитектурна вредност, а повеќе од нив се реставрирани и функционираат како хотели, во кои гостите можат да престојуваат и да се чувствуваат како вистински кралеви и кралици во замок. Повеќето колиби пак, ги поседуваат богати луѓе кои ги користат како втор дом или викендичка.

Cotswolds во последно време важи за една од најпознатите туристички локации во внатрешноста на Англија која вреди да се посети.

Тајната градина на Sudeley Castle
Замокот Ellenborough Park
Типична куќа-колиба во Cotswolds
Sudeley Castle
Дел од селото Castle Combe
Куќа во Cotswolds
Селото Castle Combe

Камени колиби во селцето Bibury
Bibury
СПОДЕЛИ
Претходна објаваTARDIS | Сокриена љубов кон книгите
Следна објаваШоуто мора да продолжи
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР