Историјата и традицијата на универзитетскиот град Кембриџ во Англија, Велика Британија, го прават еден од најубавите градови во Европа. Тоа се должи на архитектурата на престижниот универзитет и многуте колеџи што се во склоп на него, кои датираат од 12-от век и оттогаш се сочувани, реставрирани и се уште во употреба.

Во околината на универзитетот има неколку цркви и капели, а во склоп на истиот функционираат неколку музеи каде има поставки на антиквитети од светско историско значење и повеќе галерии кои се домаќини на изложби на реномирани уметници. Покрај добро познатите локации во околината на универзитетот, особено атрактивно за туристите овој период во Кембриџ е филмскиот фестивал кој се одржува под отворено небо покрај реката Кам, кој е домаќин на повеќе познати режисери, кинематографи и актери од филмскиот свет, како и специјализираните Halloween тури кога целиот град е градот нa стравот.

Пејзажите, архитектурата, фестивалите, улиците, парковите…сите убавините на градот најдобро можат да се доживеат и доловат за време на есента, кога совршено се вклопуваат во природата, во боите на есента, а оваа слика да биде совршена, несомнено помагаат честите врнежи што се должи на влажната клима во Англија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗабава за сонувачите
Следна објаваЗагрозена полица | Поларниот Џо
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР